Одличните резултати во досегашниот дел од сезонава го зголемуваат оптимизмот дека Арсенал би можел конечно да дојде до титулата во Премире-лигата. Арсен Венгер не го крие задоволството, а францускиот стратег е подготвен за нова инвестиција во јануарскиот преоден рок за уште повеќе да го засили играчкиот кадар на „топчиите“.
Јулијан Дракслер е фудбалерот што Венгер сака да го види во својот тим, па стратегот на Арсенал веќе подготвил и понуда од 30 милиони фунти за германскиот репрезентативец. Дракслер повторно изрази желба да си замине од Волфсбург, по што беше суспендиран од страна на раководството на овој клуб, кое најави и негово сигурно заминување во текот на јануарскиот преоден рок. Според германските медиуми Волфсбург ќе бара 36 милиони евра за брзоногиот офанзивец, сума што Венгер дефинитивно може да си ја дозволи за да го доведе на „Емирати“.
Присуството на Германците Озил, Мертесакер и Мустафи сигурно ќе биде плус во убедувањето на Дракслер да ја прифати токму понудата на Арсенал, со оглед на фактот дека сериозен интерес за овој фудбалер искажуваат и Јувентус и ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.