| четврток, 6 декември 2018 |

Комеморацијата за Есма Реџепова утре во Градското собрание

Комеморацијата за македонската пејачка и кралица на ромската музика Есма Реџепова која денеска почина ќе се одржи утре во Градското собрание во 11 часот.

Телото на Есма ќе биде изложено во капела од 12 до 13 часот, а погребот е во 13 часот на градските гробишта Бутел.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top