Времето во Македонија денес ќе биде променливо oблачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а во текот на попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, на планините над 1500 метри надморска висина ќе има врнежи од снег. Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени.
И во среда наутро ќе има услови за врнежи од дожд и снег и во западните предели. Претпладне се очекува постепено разведрување, како и засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ке достигне брзина и до 35 километри на час.
Поинтензивни врнежи од дожд и снег се најавени за четврток. Снегот главно ќе врне во предели со надморска височина од над 800 метри. Слична е прогнозата и за петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.