| четврток, 6 декември 2018 |

Овој човек е најголема мистерија на Студената војна

Британскиот нуркач Лајонел Краб требало да изврши шпионажа на бродот на Никита Хрушчов во текот на неговата посета на кралството. Кога запловил, повеќе никој не го видел. Обезглавеното тело се појавило една години подоцна на брегот, но никогаш не било потврдено како загинал

По 60 години од неговото исчезнување и смртта, теориите на заговор за Лајонел Краб не престануваат. Покрај приказните за убиство под вода од страна на руски нуркачи, или киднапирање и престој во московски затвор, се појавила и теорија дека умрел поради дефект во опремата, со која имал проблеми и на почетокот на операцијата. Се претпоставува дека Краб имал задача да ја фотографира советската технологија, а кога бил забележан веднаш бил ликвидиран. Последниот пресврт во оваа мистерија настанал кога рускиот морнар Едуард Колтсов во 2007. година кажал дека тој лично го пресекол грлото на Краб кога планирал да постави мина на еден од придружните бродови.

На вистината за целата операција и смртта на Краб, светската и британската јавност ќе мора да почекаат барем до 2056. година, кога ќе се отвори архивата и ќе се реши оваа мистерија засекогаш.

 screenshot
Британскиот нуркач Лајонел Краб требало да изврши шпионажа на бродот на Никита Хрушчов во текот на неговата посета на кралството. Кога запловил, повеќе никој не го видел. Обезглавеното тело се појавило една години подоцна на брегот, но никогаш не било потврдено како загинал.

Британскиот премиер Ентони Идн се понадевал дека таа 1956. година може да дојде до затоплување на британско-советските односи, што барем малку ќе ја намалело тензијата. Таа година била договорена посета на советските лидери Никита Хрушчов и Николај Булганјин на Велика Британија. Посетата била реализирана во април 1956. година. Идн посебно нагласил дека кон гостите не смее да се вршат никакви шпионски активности, а посебно не кон бродот со име „Орджоникидзе”, со кој Хрушчов и Булганјин пристигнале во Британија во пристаништето Портсмут.

И покрај строгите наредби од премиерот, да нема шпионски активности, поморската разузнавачка служба и МИ6 не можеле да му одолеат на предизвикот. И покрај тоа што била многу ризична операција, директорот на МИ‘ сер Дик Вајт, ја одобрил нејзината реализација. Морнарицата се погрижила во една пештера во карпите покрај Довер да се инсталира радар и една подморница да биде дното, за сите да бидат во тек со сите комуникации кои се одвиваат на бродот. MI6 барал погоден човек за таква операција и тоа не траело долго, бидејќи за оваа ризична задача се јавил проверениот соработник на службата, Лајонел Бастер Краб. Неговата задача била да нурне и да го пребара трупот на советскиот брод.

Краб бил искусен нуркач кој во текот на Втората светска војна неколку пати бил одликуван поради искажаната одважност при отстранувањето на морските мини пред бродовите кои пловеле во водите околу Гибралтар. Иако во моментот на операцијата имал 46 години и не бил во најдобра физичка кондиција, во него имало и желба и храброст да ја изврши оваа задача.

Непосредно пред почетокот на операцијата, Краб на 17. април 1956. година се сретнал со една мистериозна личност, која му се претставила како Бернард Смит, кој пред состанокот допатувал во Портсмут и се сместил во хотел во центарот на градот во кој престојувал Краб. Смит и тој минале два дена нуркајќи по пристаништето, а дождливото време им одело во прилог бидејќи немало шетачи кои би можеле да забележат нешто сомнително. На 19. април советскиот брод се закотвил на пристаништето, а нешто подоцна Краб нурнал. Меѓутоа, по неколку минути се вратил на брегот и му се пожалил на Смит дека нешто не е во ред со апаратот за дишење. Кога апаратот за кислород бил поправен, Краб повторно нурнал и од тој момент никој повеќе не го видел жив.

Советската реакција на оваа приказна, која ја скандализирала британската јавност, не фрлила многу светло на целата приказна. Советите кажале дека забележале нуркачи околу бродот во вечерните часови на 19. април, но “Радио Москва” објавило соопштение дека нуркачот бил мртов многу пред британската влада да го соопшти датумот на неговата смрт.

Советскиот дезертер Анатолиј Голицин во 1963. година на агентите на ЦИА им раскажал дека советските разузнавачи однапред знаеле за мисијата на Краб и дека “тим” од советски нуркачи го навеле Кра во специјална комора во трупот на бродот под површината, и кога се појавил само го вовлекле во бродот.

Двоумењето на Вајхол да излезе во јавност со сите податоци за операцијата која ја преземал на своја рака, без одобрение на владата, помогнало да се оцрни името на Краб, па и да се појават теории за предавство. Од целата приказна, Москва со давање на неартикулирани соопштенија ги собирала плодовите од оваа разузнавачка игра и смртта на Краб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top