| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен гол: Франција за десет секунди од пораз до победа (ВИДЕО)

Шпанија имаше четири гола предност на полувремето (14:10) и беше во предност се до десет секунди до крајот од натпреварот кога Пино од седмерец изедначи на 22:22.

Шпанките во последниот напад тргна без голман, со седум играчи, но ја загубија топката, а Пино со звукот на сирената од својата половина го погоди празниот гол на противникот за победа од 23:22.
Поранешната ракометарка на Вардар, беше и најефикасна во составот на Франција со седум гола, еден помалку постигна актуелната вардарка, Александра Лакрабер.

По извонредната серија во првата фаза Србија го претрпе првиот пораз. На стартот од втората фаза Србинките загубија од Германија со 26:19.

Изненадување на стартот од втората фаза доживеа и репрезентацијата на домаќинот Шведска која беше поразена од Холандија со 33:30. Грот со седум погодоци ја предводеше Холандија до триумфот. Во составот на Шведска седум гола постигна Изабел Гулден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top