| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Николиќ: Посакувам бебе!

%d0%b0%d0%bd%d0%b0

Поп-пејачката Ана Николиќ е во брак со својот доста помлад сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, а двајцата се најинтересните членови на жирито на новата сезона на шоуто „Јас имам талент“. Гледачите на ова шоу забележаа дека најтемпераментната членка на жирито накачила неколку килограми, но тоа воопшто не ја погодува популарната пејачка, која јавно откри дека не планира да ослаби.

-Мојот сопруг многу сака што имам вишок килограми, па токму затоа се опуштив со храната. Едноставно, настојувам да му ги исполнам сите желби- смеејќи се изјави Ана, додавајќи:

-Мислам, да не се лажеме, јас сакам да јадам, но не се ни трудам да се грижам за линијата затоа што на Стефан сум му поубава вака- заклучи пејачката.

Значи, Ана сака да му ги исполнува желбите на саканиот затоа што верува дека конечно го пронашла човекот на својот живот и сака да му роди дете.

-Бебето е нешто што го посакувам веќе неколку години. Тоа ми е голема желба и сега имам вистински маж покрај себе, така што логично е наскоро и да станам мајка- порача Ана Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top