Шест победи на ВМРО ДПМНЕ, а две на СДСМ стојат запишани во историјата на парламентарните избори во период од 1990 до 2016 година, пишува денешен „Дневник“.
Како што пишува весникот, изборите на кои граѓаните на Македонија в недела ќе одлучат која коалиција или пратија идните четири години ќе ја предводи државата ќе бидат деветти по ред во плурална Македонија.
Kарактеристика за изборите на 11 декември е дека на нив учествуваат досега најмал број коалиции и партии од осамостојувањето на државата – шест политички партии и пет коалиции.
Специфика за утрешните изборен процес е и дека тие се четврти по ред предвремени парламентарни избори на владејачката структура предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која ниту еден мандат не го истурка до крај, односно не владее четири години.
Претстојните избори ќе се одржат по најкусо владеење на власта или на половина од нејзиниот мандат (нешто слично беше и со изборите во 2008 година кои дојдоа по две години владеење на ВМРО- ДПМНЕ и ДПА плус партијата на Тито Петковски). И ова може да се земе како условно бидејќи половина од овие две години во власта партиципира и опозицискиот СДСМ, поради политичкиот договор од Пржино потпишан од четирите лидери на најголемите партии за излез на Македонија од политичката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)