| четврток, 6 декември 2018 |

Лозарите ја добиваат првата рата, винариите го откупуваат грозјето во Повардарието

– Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства, изјави вчера претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов

Дел од Лозарите ја добија првата рата за предаденото грозје. Останатите парите ќе ги добијат следната недела кога истекува законскиот рок, 15. декември.

Производителите очекуваат дека винариите ќе го испочитуваат законот и ќе им ги исплатат средствата кои им се неопходни за следната сезона.

– Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства, изјави вчера претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.

Доколку не се почитува рокот, винарницата ќе ја изгуби лиценцата и сите приливи што ќе ги добива од продадено вино, ќе одат за исплата на ратата за лозарите. До 15 февруари мора да се исплатат 40 отсто од откупеното грозје, со истото правило, а остатокот до крајот на април.

Според Аризанов, за да ја извршат навреме резидбата, лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.

– Оние што имаат големи плантажи не можат да го чекаат 14 февруари и верскиот празник „Свети Трифун” кога традиционално, на симболичен начин, стартува закројувањето на лозјата зашто, во тој случај, нема да стигнат навреме да ја извршат резидбата, рече Аризанов.

На лозовите плантажи во Македонија годинава беа собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од нив се пласираа во странство, а дел во домашните преработувачки капацитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top