Државата нема да дозволи никој да се поигрува со откупната цена на грозјето и трудот на лозарите. Вчера во Кавадарци инспекторите затвориле еден откупен пункт поради намалување на цената на шеќерните единици во состав на грозјето. Директорот на Инспекторатот за земјоделство Румен Стаменов информираше дека инспекторите се постојано на терен, а винарските визби кои ќе се обидат да го откупуваат грозјето од лозарите по пониска цена ќе се соочат со клуч на врата.
– Имаме откупни компании кои го користат начинот на плаќање со цел да ја намалат цената на грозјето и ветуваат дека ќе им платат на земјоделците за два до три дена и ја намалуваат цената на шеќерните единици. Тоа е спротивно на Законот за вино, кој јасно кажува дека цената објавена на почетокот на винската година, која е договорена за оваа година помеѓу производителите и откупувачите и објавена како официјална во сите откупни пунктови – 0,68 денари за сорта „вранец“ и 0,64 денари за сорта „смедеревка“ по шеќерна единица, не смее да биде намалена во текот на винската година, се до август следната година- вели Стаменов, пренесе Сител ТВ .
На почетокот на месецов лозарите и винариите ги договорија откупните цени за грозјето. Новина за производителите беше тоа што за поблагото грозје ќе добиваат повисока цена. Минималната цена за килограм Вранец со 19 шеќерни единици е 13 денари, а килограм Смедеревка со 17 шеќерни единици 11 денари. Во зависност од шеќерните единици цената може да се зголемува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Исповед: Да го знаев ова мојот син денеска ќе беше жив, во еден момент јадеше грозје, во другиот се случи трагедија (видео)
-
Жешкото ги исуши лозјата
-
Лозарите ја добиваат првата рата, винариите го откупуваат грозјето во Повардарието