Македонската економија во третиот квартал забележа раст од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 10,9 отсто, Градежништвото од 10,3 отсто и Информации и комуникации од 5,6 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 64,1 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.