Хрватска и Грција во четвртото тримесечје минатата година заблежале најслаб раст на Бруто домашниот производ (БДП) меѓу земјите-членки на Европската Унија, покажуваат податоците на Евростат.
Хрватскиот БДП во последните три месеци од минатата година пораснал само за 0,1 отсто во однос на претходните три месеца кога бил зголемен за 0,7 отсто.
Иста стапка на раст бележи и Грција. Нешто посилен раст на тримесечно ниво имаат италијанската и летонската економија – 0,3 отсто.
Најсилен раст во последните три месеци лани имале Естонија (2,2 отсто), Словенија (2 отсто) и Литванија (1,4 отсто).
На годишно ниво, според податоците на Евростат, најсилен раст имале Романија, Словенија, Естонија, Чешка и Унгарија. Најслаб годишен раст забележале Данска и Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.