Порталот Плуснфо на Соросовиот платеник Бранко Героски – Герис, кој е под директна контрола на СДСМ, лиферуваше вест дека албанската дијаспора, претежно Албанци од Швајцарија и од Германија, доаѓаат со авиони за да гласаат во недела, јасно нагласувајќи дека ќе гласаат во полза на СДСМ.

Токму во Швајцарија Заев многу прецизно го даде ветувањето за двојазичност, одењето преку рамковниот договор и за кантонизација на државата по швајцарскиот модел на државно уредување.
-Првиот чекор што мораме да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по некој процент или математики. Гледам овде едно село е кантон и тоа село си одлучува овде за самото село – вели Заев пред албанската дијаспора. А токму двојазичноста и спојувањето на општини со големи овластувања во поголеми региони се фази од планираната федерализација.
Токму пред албанската дијаспора, настап кој СДСМ се обиде да ја сокрие. Но, видеото кое беше споделено од неговото обраќање ги потврди неговите планови и новата трговија на СДСМ со македонска територија во замена за гласови од албанските радикали. Пред тој настап, трговијата на СДСМ ја открија и новата партија БЕСА и предводникот на албанската дијаспора, Љамалари. Од БЕСА потврдија дека било разговарано за редефинирање на државата, додека Љамалари посочува дека неговото барање за федерализација го претставил на Заев и на Шекеринска на средбата во СДСМ.
Љамалари во поддготовка за помош на својот, како го нарекува Заев „Месија и Спасител“, организирал групи на Албанци од Косово и од дијаспората, кои со патни исправи издадени од МВР под раководство на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, се очекува да допатуваат и да гласаат за федерализацијата која што им ја вети Заев.
Денес, на два дена пред изборите, на Заев и на СДСМ, соочени со изборен дебакл и огромен пораз од македонските граѓани, им остана да се надеваат единствено на гласовите на радикалните Албанци кои се всушност гласови за федерализација на Македонија претворање на дел на Македонија во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


