| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник заладување и провејување на снег

slana

Пад на температурите и слаб снег најавуваат метеоролозите од понеделник и вторник.

Од УХМР информираат дека студена воздушна маса од север ќе услови засилен северен ветер, особено од понеделник попладне. На места ќе провејува слаб снег, а дневната температура од вторник позначително ќе опадне.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од ­4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од ­9 до 0 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top