| четврток, 6 декември 2018 |

Раст на БДП во третиот квартал од 2,4 отсто

bdp

Македонската економија во третиот квартал забележа раст од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 10,9 отсто,  Градежништвото од 10,3 отсто и Информации и комуникации од 5,6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 64,1 отсто.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top