Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев активностите од последниот ден на изборната кампања ги започна со пресконференција што ја одржа на градскиот плоштад во Тетово.
-Ги повикувам граѓаните на Тетово и тетовско, на Гостивар и гостиварско, на мавровско реканскиот крај и на Дебар масовно да излезат на следниве избори. Ги повикувам за поддршка на Република Македонија, за поддршка на Владата на Република Македонија со 63 пратеници. СДСМ веќе ги загуби изборите. На нив не им значи многу дали ќе имаат 33 или 37 пратеници, но нам на Република Македонија и е и тоа како важно дали ќе имаме 63 пратеници. Да излезат масовно и да гласаат за иднината на оваа држава и за иднината на нашите деца. Изборот е помеѓу проекти и неработење. Изборот е помеѓу стабилност и дестабилизација на Република Македонија- рече Ѓорчев.
Ги повикувам и неопределените и гласачите на помалите партии, старото членство на СДСМ исто така да им се приклучат затоа што, како што рече, оној светоглед, оние идеали што ги имаме за Република Македонија се важни и заеднички.
-Ова се најважните избори за државата и да гласаме за стабилна, суверена, независна и еврпска Република Македонија- изјави Ѓорчев.
Во рамките на неговата агенда за денешниот ден Ѓорчев ќе се сретне и со жителите на останатите реони од шестата изборна единица во гостиварско, мавровскореканскиот и дебарскиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Ѓорчев: Владата покажува дека сака решение за името по секоја цена!
-
Ѓорчев: Гласачите на СДСМ се изневерени, владата на Заев не ги исполнува ветувањата
-
ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани и бара мнозинството да го повлече законот за јазиците