Кога ќе купувате нова Божиќна Ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат. Еве како најдобро да го чувате ова растение кое е карактеристично за периодот околу Новогодишните и Божиќните празници.
1. Топлината и светлината треба да бидат умерени
Божиќната ѕвезда сака топлина и светлост, но не премногу директна светлост. Чувањето на ова празнично растение близу до радијатор или некој друг извор на топлина е еднакво штетно за неговиот живот исто како да го ставите на балкон.
2. Полевање
Водата е добра за секое живо суштество, но сеедно немојте да претерувате со полевањето. Божиќната ѕвезда сака влага во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката.
3. Пресадување и скратување
При крајот на зимата и почетокот на пролетта, растението ќе заврши со своето цветање и ќе почне да паѓа. Тогаш треба да ги скратите сите гранки на околу 10-15 см висина, а растението да го преместите на постудено место. Скратувањето на растението ќе предизвика раст и развој на пупките. Во периодот од март до октомври проверете дали растението ја „надраснало“ саксијата и во тој случај пресадете ја во поголема саксија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ му подари цвеќе на Заев, за да заштеди од парите на граѓаните
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на Македонците од Егејска Македонија кои беа жртви на егзодусот
-
Цветен хороскоп: Кој цвет му одговара на вашиот хороскопски знак…
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик