Веројатно го знаете својот хороскопски знак и неговото значење во вашиот живот. Но дали го знаете цветот под кој сте родени и неговата уникатност? Цветниот хороскот ви овозможува да откриете повеќе за себе и другите околу вас. Со идентификација на цветот кој одговара на Вашиот роденденски датум или на Вашите сакани, ќе си овозможите подобро да се разберете себеси и луѓето кои ви значат.
Каранфил – јануари
Каранфилот традиционално симболизира восхитеност, вовед во новата година и свежина. Диантус е неговото ботаничко име, кој значи “Божествен Цвет”. Во цветниот хороскоп, розевиот каранфил означува женствена љубов, додека жолтиот означува презир.
Ирис – февруари
Нарцисот како цвет на пролетта симболизира преродба. Ако се подари нарцис, тој пренесува топлина и висока почит кон личноста.
Нарцис – март
Нарцисот како цвет на пролетта симболизира преродба. Ако се подари нарцис, тој пренесува топлина и висока почит кон личноста.
Маргарита – април
Тие се популарни поради нивната порака за пријателство и вообичаено асоцираат едноставност и невиност.
Крин – мај
Кринот претставува чистота и се прекрасни и ароматични.
Роза – јуни
Како најпознато цвеќе, има вариетет од симболи но најчесто означува љубов.
Ралица – јули
Ралицата ги буди спомените за безгрижните летни денови од деството. Асоцира задоволство и лекомисленост.
Гладиола – август
Именувана по мечот на гладијаторот, овие цвеќиња се претставници на сила, чест и искреност. Додека некои се истенчени и мали, другите се остри и високи, како меч. Гладиолата е атрактивна и изгледа како да е обвиена во слоевита туника.
Астер – септември
Со астерот се искажува љубов. За оние кои сакаат да ја изразат својата љубов на невообичаен начин, одбираат ваков цвет.
Невен – октомври
Овие цвеќиња се популарни по нивната златна боја, која симболизира есен. Тие искажуваат наклонетост, љубезност и може да биде подарено на пријатели и членови на фамилијата.
Хризантема – ноември
Живи бои, тие рефлектираат позитивност. Овие цветови се портрет на веселост поради нивната боја што значи искреност и радост.
Божиќно дрво – декември
Овие цветови се неизоставен дел од божиќната декорација. Симболизираат успешност и добри денови. Доколку планирате да подарите цвеќе за време на божиќните денови, никогаш нема да погрешите ако го подарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.