| четврток, 6 декември 2018 |

Курц меѓу 28. најважни личности за иднината на ЕУ

%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%86

За магазинот на Европска унија „Политико“ шефот на австриската дипломатија, најмладиот министер за надворешни работи во Европа, Себастијан Курц „ќе ја обликува и потресе“ Европа.

Курц е на 12. место на ранг-листата предводена од либералниот муслимански градоначалник на Лондон, Садик Кан.

За „Политико“ Кан е Барак Обама на Европа.

На второ место се наоѓа германската десничарка Фрауке Петри бидејќи претставува опасност за германската канцеларка Ангела Меркел, а зад неа е нејзиниот шеф Рајанер Мајкел О’Лири,

„Политико“ ја истакнува посебната улога на Курц во затворањето на балканската рута за бегалците, како и дека е најдобра опција за запирање на канцелар од редовите на десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО).

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата година беше прв на листата, како и германската канцеларка Меркел, но годинава двајцата не се на листата.

На ранг-листата се лица кои, според магазинот, може да имаат позитивно  или негативно влијание врз развојот на ЕУ, па затоа на седмо место е и турскиот претседатал Реџеп Таип Ердоган, веднаш зад шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top