Кошаркарите на Сан Антонио го претрпеа првиот пораз по 13 последователни победи, откако ноќва во Чикаго загубија со 95-91. Двејн Вејд постигна 20 поени, а Сан Антонио најпозитивен поедиец имаше во Кавај Леонард кој постигна 24 поени.
Голден стејт дојде до својата 20-та победа сезонава славејќи со 106-99 против Јута на гости. Најефикасен беше Кари со 25 поени, а го следеше Дурант со 21 поен.
Вашингтон го победи Денвер со 92-85, а Бредли Бил со 26 поени беше најдобар поединец, а поддршка имаше од Маркиф Морис и Џон Вол кои постигнаа по 15 поени.
Торонто триумфираше со 124-110 против Минесота, иако гостите во Канада по десет минути игра имаа двоцифрена предност. Најефикасен на мечот беше Дерозан со 27 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)