| четврток, 6 декември 2018 |

Подготвени ли сме за нова кралска свадба?

Откако принцот Хари ги прекршил правилата на британското кралско семејство за да ја посети својата девојка Меган Маркл во Канада, сѐ повеќе се шушка дека на повидок е нова кралска венчавка.

Многумина веруваат дека свршувачката на принцот Хари и актерката Меган Маркл ќе биде објавена кон крајот на годинава, а медиумите дури и пишуваат дека е можно кралицата оваа бомба да ја објави на годишното телевизиско обраќање помеѓу информациите за посета на институции и градини.

Се наведува и дека двајцата носеле идентични алки, а Меган Маркл носела и ланче со буквите М и Х, кое, според тврдењата на медиумите, чини 240 долари. Исто така, за време на престојот во Лондон, Меган Маркл престојувала во палатата Кесингтон. Некои извори тврдат дека и самата кралица дала благослов за венчавката.

Доколку дојде до венчавката, извесно е дека Велика Британија ќе успее да профитира од неа. Имено, се проценува дека Лондон од венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заработил 620 милиони евра – се продавале копии од прстените, тоалети, сувенири со ликовите на среќната двојка – чаши, чинии, чајници…

Доколку некој ќе ја искористи венчавката, тоа секако ќе бидат трговците. Затоа, колумнистот на „Гардијан“ со причина прашува: „Подготвени ли сме за нова кралска свадба?“ и на крајот одговара: „Подобро да бидеме подготвени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top