Музејот на Град Скопје, по повод Меѓународниот ден на музеите, ќе биде отворен за сите посетители во рамки на програмата „Музејот за децата – децата за музејот“. Денеска од 09 до 16 часот ќе има голем број едукативни работилници, на тема „Скопје 63“, на кои можат да присуствуваат сите заинтересирани, ќе има и проекции на краткометражни документарни филмови на теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.
Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.