| четврток, 6 декември 2018 |

Тито го предал Кастро: Кубанскиот лидер никогаш не му простил на маршалот за тоа!

tito
Дарко Бекиќ, хрватски дипломат, раскажува за сложените односи меѓу Тито и Фидел Кастро поврзани за продажба и за купување оружје по кое еднаш на Бриони лично пристигнал Че Гевара.

Бекиќ вели дека медиумите го преувеличуваат тоа дека Тито и Фидел Кастро не се сакале премногу и според него, вистината била многу посложена од обични несогласувања меѓу лидерите на СФРЈ и на Куба.

Во летото 1959 година, само неколку месеци по освојувањето на власта, Кастра со голема надеж го испратил познатиот револуционер Че Гевара кај југословенскиот лидер Јосип Броз – Тито да се обиде да купи оружје што што би им било потребно за одбрана на кубанската револуција.

Во едни исклучително напнати преговори во август на Бриони, Тито на Че Гевара му ветил дека ќе му испорача 12 топови, 120 минофрлачи и лесно пешадиско вооружување и го упатил во врска со тоа да разговара со југословенскиот амбасадор при Обединетите нации во Њујорк.

tito2

Во еден свој говор во 1968 година, Фидел Кастро вака го опишал разговорот со Тито, односно со споменатиот југословенски дипломат во Њујорк:
-Константно избегнуваат да ни дадат одговори. Ни рекоа дека немаат оружје и дека ќе мора да го произведат, дека цените не се формирани, а кога цените конечно пристигнале, ни нудеа само оружје од мал калибар по исклучително висока цена, која беше превисока дури и за меѓународниот пазар.
-Пред тоа, но и подоцна кога сакавме да купиме оружје во Југославија, некои другари отпатуваа во Југославија и таму се обидоа да договорат купување на оружје, но резултатот повторно беше неуспешен со уште неколку дополнителни пречки. Можеме да кажеме дека ништо за што се обидовме не донесе напредок, и покрај тоа што бевме многу заинтересирани – изјавил Кастро во 1968 година во врска со набавката на оружје од Југославија.
Неуспешните преговори со Тито и југословенските дипломати многу ги разочарале Фидел Кастро и Че Гевара, но дури потоа следувал вистинскиот шок за Кубанците. Имено, соработниците на Кастро во архивите на симнатиот диктатор Батиста пронашле тајна дипломатска белешка од неговото воено аташе во Мексико Сити од 13 декември 1958 година (само две седмици по победоносното влегување на Кастро во Хавана).

Во документите било откриено дека југословенскиот амбасадор на режимот на Батиста му нуди огромни количини најразновидно југословенско оружје, вклучувајќи и торпедни чамци и тоа по најповолни цени. Ова откритие целосно ги шокирало Фидел Кастро, Че Гевара и комплетната кубанска власт.
-Многу се изненадивме кога го откривме тој документ во архивите, посебно затоа што ни беше потребно оружје за да се одбраниме од империјалистите, но тие ги ставија сите можни препреки пред нас и не ни продадоа ниту едно парче оружје. Оружјето му го нуделе на Батиста како што се наближувал крајот на војната. Дури ни кога империјалистите не сакаа да му продадат оружје, дури ниту Јенките не сакаа да му продадат оружје, но овие господа од Југославија му понудиле добро и евтино оружје – изјавил тогаш Кастро.
Поради тоа, во следните дваесетина години, сè до смртта на Јосип Броз – Тито, Фидел Кастро со Југославија ги одржувал односите само поради потребата од „висока политика“ и дипломатски прагматизам, но никогаш не било тоа искрено и пријателски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top