Во Париз е забележана најголема и најдолготрајна загаденост во зимскиот период во последните, најмалку, 10 години, соопшти агенцијата „Ерпариф“ која го мери нивото на загаденост.
Tоа е последица на комбинацијата од емисии на издувни гасови од автомобилите и чадот од домаќинствата кои се греат со користење на цврсто гориво, пренесува „Танјуг“.
Исто така, на високото ниво на загаденост во Париз придонесуваат и метеоролошките услови затоа што речиси воопшто нема ветер, што значи дека загадувачките гасови не можат да се растераат, објаснува агенцијата „Ерпариф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.