1.Алергичен на сопругата: Постојат алергии на храна, материјали, но постои и алергија на сопругата. Едан мажи во официјалното барање за развод навел дека е алергичен на сопругата. Судијата, се разбира, тоа не го прифатил за аргумент.
2. Предобар сопруг: Една Еѓипќанка навела дека сака да се разведе бидејќи сопругот бил многу добар и приврзан. Неговото однесување нејзе ја правело депресивна и несреќна. Се развеле откако пропаднале сите обиди за смирување.
3. Зависност од сапуници: На еден сопруг му здосадило тоа што неговата сопруга по цел ден гледа сапуници. Ги запоставила децата и домашните работи.
4. Не сакам веќе да бидам во брак: Како бракот да е играчка, па кога ќе ти здодее, ќе ја фрлиш.
5. Зависност од чистење: На една Германка и здодеала опсесијата на нејзиниот сопруг за чистење. Го трпела таков 15 години, а чашата била прелиена кога сопругот решил да го сруши валканиот ѕид во куќата и повторно го изградил.
6. Хранење на кучињата скитници: Романка не можела веќе да поднесе нејзниот маж да ја троши заштедата за да ги храни кучињата скитници. Се развеле по 50 години брак.
7. Сите мои пријатели се разведоа: Е тоа се вика подводливост!
8. Прегласно јаде: Прегласното џвакање на храната толку многу ја излудувало една Холанѓанка, и таа на крај решила да побара развод бидејќи сопругот не сакал да престане со ужувањето во храната.
9. Не ми се допаѓа филмот „Снежното кралство“: Овој филм беше огромен кино-хит, а една жена не можела да разбере зошто нејзиниот сопруг не го сака филмот.
10. Погрешен статус на фејсбук: Оваа социјална мрежа игра значајна улога во разводите. Сопругот се налутил бидејќи неговата избраничка и по неколку месеци брак не го сменила статусот на фејсбук. За него, тоа била добра причина за развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.