Гази Баба од 2006 креираше 8.000 нови работни места. Во 2006 во Гази Баба имаше вработени 7.000 луѓе, а денес во Гази Баба работат 15.000 луѓе, а во иднина оваа бројка ќе расте. Донесовме и многу инвестиции во општината, се извршија и реконструкции на многу патни правци, се изгради фекална канализација во повеќето општини, се изградија и неколку училишта и се реконструираа неколку, во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“ се реновираше дел од истиот, изградивме тениски игралишта, фудбалски игралишта како и изградивме три спортски сали – изјави вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на митингот во скопската населба Гази Баба.
Според него, многу работи се направено низ годините наназад, а и многу ќе се решаваат во иднина.
– Најважно е што се намали невработеноста, а во иднина ќе се намалува и уште. Во иднина ќе имаме и нови инвестиции, бидејќи имаме најповолна економска клима, во наредните 4 години планираме да отвориме нови 70.000 работни места, пензиите пораснаа за над 90 проценти, воведовме минимална плата која во иднина ќе изнесува 14.000 денари. Ќе продожат да растат и платите во јавниот сектор и социјалната помош. Донесовме над две милијарди евра странски ивестиции, извозот порасна над четири милијарди евра, просечната плата се зголеми на 22.000 денари и во иднина ќе продолжи да расте како што ќе растат и ивестициите – изјави Груевски.
Тој исто така истакна и дека во делот на медицинските установи комплетно се реновираше медицинската установа, се воведе и проектот рурален доктор, а се воведе и логопед, а во иднина ќе се воведе и нов мамограф и други медицински апарати во вредност од над 70.000 евра.
-И оние граѓани кои беа зафатени од неодамнешните поплави ќе добијат нови улици, во Гази Баба во иднина ќе се отворат 4 нови градинки, ветуваме и ново училиште, нова спортска сала, фудбалски игралишта, кошаркарски игралишта како и фитнес зона на отворено ќе добијат граѓаните на Гази Баба – истакна Груевски.
Груевски на митингот во Гази Баба говореше и за она што ќе се гради во иднина.
– Во Скопје ќе се изгради нов комплекс клиники Мајка Тереза во висина од 130 милиони евра, ќе се реконтруираат и старата градска болница и останатите медицински установи, ќе се реновираат 140 училишта, за децата кои излегуваа од дом ќе им даваме помош од 4.000 денари, а ќе помогнеме и со доделување на државни станови за истите овие деца кои СДСМ ги заборави во нивното време – заврши Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)