| четврток, 6 декември 2018 |

„Травијата” за прослава на 200 години од раѓањето на Верди

Македонската опера и балет, вечерва со почеток во 20 часот ќе ја изведе операта „Травијата“ во чест на одбележувањето на 200 години од раѓањето на Верди. Либрето напишано од Франческо Марија Пјаве. Приказната се базира на новелата „Дамата со камелии” од Александар Дима. Првата изведба е во Венеција, 6 март, 1853 година во Театро ла Фениче.

Диригент на претствата ќе биде Алесандро Д‘ Агостини од Италија, режија на Нина Најденова од Бугарија, сценографијата е на Борис Стојнов од Бугарија, костимографија на Цветанка Стојнова од Бугарија, кореографија на Борјана Сечова од Бугарија и концерт мајстор на претствата ќе биде Климент Тодороски.

Во улогата на Виолета Валери ќе настапи сопранот Ирина Лунгу гостинка од Русија, како Алфред Жермон ќе го видиме тенорот Иван Момиров од Бугарија и во улогата на Жорж Жермон ќе настапи баритонот Марјан Јованоски.

Операта е една од најбитните „живи” уметнички форми, па, оттука, и идејата за Мајските оперски вечери, интернационален оперски фестивал со повеќедецениска традиција, да дејствува и да ја слави убавината и големината на оваа музичка форма.

Оваа година Македонската опера и балет е дел од европската иницијатива Европски оперски денови, заедно со уште 106 европски оперски куќи, кои прославуваат и 200 години од раѓањето на големиот мајстор Џузепе Верди. Исто така, одбележуваме и 20 години билатерална, културна соработка со повеќе земји меѓу кои Индонезија, Велика Британија, Италија, Бугарија, чии вокални солисти и диригенти преку нивното уметникување ќе ја пренесат единствената и универзална порака на музиката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top