Вечерва сакам уште еднаш да размислите дали оваа две годишна криза ви одговараше вас и сакам да се присетите кои протестираше, демолираше, ги напаѓаше македонските полицајци, а кои седеа мирно. Тоа се луѓе кои добиваат пари од оној чие име не сакам да му го споменам и го прими орденот за заслуги од УЧК. Таа иста партија го раскара народот, внесе гнев кај овој народ, посеа страв, но овој народ тоа го прочита, овој народ мора да ја знае вистината и намерите на Зоран Заев, изјави Никола Тодоров носител на ИЕ 2.
-ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и во иднина ќе стои пред вас, ќе ги зголемиме платите и пензиите, како и еднократната парична помош за децата со еден родител. Ќе изградиме во Гази Баба неколку градинки, училишта, за младите ќе направиме неколку кошаркарски игралишта, ќе изградиме фекална канализација кај местото Трианга, Во Гази Баба здравствената станица ќе добие најсовремен момограф и други апарати во вредност од 70.000 евра, ова се само дел од проектите кои се предвидуваат а се залагаме и за отворање на нови работни места, истакна Тодоров.
-СДСМ има проект за кршење на кичмата, проект за кантонизација, оваа партија сака да направи бинационална држава, сакаат да ни го земат најсветото и да не обезличат, поради сето ова уште еднаш ќе ве запрашам дали сакате да живеете во таква држава? Затоа на 11 декември Гази Баба ќе избере број 1 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, додаде носителот на листа во втората изборна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)