Речено – сторено. Заев рече и побрза да го направи Прилеп двојазичен, но во напредна фаза. Летоците поделени во градот се испишани исклучиво на албански јазик.
На претставувањето на кандидати за ИЕ 2 во Прилеп се вееше само албанското знаме. Место за македонското знаме на митинзите и мини митинзите на СДСМ повеќе нема.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев од Прилеп им порача на прилепчани дека и нивниот град, во кој речиси и да не живеат етнички Албанци, ќе го направи двојазичен кога ќе дојде на власт.
Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Прилеп треба да им се дозволи на граѓаните Албанци на албански јазик да комуницираат со локалната самоуправа, односно да можат на албански јазик да поднесуваат разни барања до општините, што е практично воведување на двојазичност во општина во која што речи си и да нема граѓани од албанското малцинство.
Уште следниот ден во Прилеп осамна со поставени плакати на албански јазик, на кои кои е прикажан новиот член на извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, објави локалниот портал Маркукуле. Прилепчани не прифаќаат двојазичност, а тоа повеќепати досега им го соопштиле на Заев и неговата банда. Прилепчани стокмени и вооружени со карактеристичниот прилепски мајтап, но и многу револт му посакаа топло добредојде на радикалецот на СДСМ придружен од лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)