| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Кумановци никогаш не биле и нема да бидат со свиткана кичма

Кренете се кумановчани , исправете се херои,  доаѓа денот на победата, вака синоќа им се обрати на кумановчани носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“  Никола Тодоров.

-Кумановци никогаш не биле и нема да бидат со свиткана кичма.  Застанете гордо и достоинствено, херојски и храбро, приклучете ни се во походот за ставање на крај на оваа криза . Да застанеме сите заедно под едно знаме, да застанеме сите заедно под македонското знаме . За Македонија се работи . Една Македонија, број 1 за Македонија. Славиме победа во недела. Да живее Куманово, да живее Р .Македонија, истакна Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top