| четврток, 6 декември 2018 |

Еве што ќе ви се случи доколку секој ден јадете јајце

Нашето тело произведува 11 есенцијални масни киселини кои се неопходни за правилно функционирање на телото, а јајцата содржат 9 од нив. Ако во телото има недостиг од тие 9 есенцијални масни киселини, може да дојде до хроничен замор, лоша кожа и коса и до губење мускулна маса, а може да ослаби и имунолошкиот систем. Еве што се случува доколку секој ден консумираме јајца:

1 Го намалуваат стресот и спречуваат анксиозност

Јајцата содржат есенцијални масни киселини кои го помагаат менталното здравје, регулираат ослободување на хоромонот на добро расположение – серотонин.

2 Го регулираат нивото на холестерол

Едно јајце има 200 мг холестерол. А јајцата го зголемуваат нивото на добриот холестерол (ХДЛ).

3 Одлични се за здрави коски и заби

Јајцата се најдобар извор на вит. Д, заедно со сончевите зраци. Овој витамин е клучен за раст и развој на коските и забите.

4 Ги подобруваат когнитивните функции

Јајцата содржан холин, спој кој е корисен за осознавање. Според истражувањата, недостигот на холин го зголемува ризикот од деменција, Алцхајмерова болест и од когнитивни оштетувања.

5 Ја подобруваат кожата

Јајцата содржат вит. од Б-комплексот, кои се клучни за здравјето на косата и на кожата, како и за правилна функција на црниот дроб и на очите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top