| четврток, 6 декември 2018 |

„Милионерите“ со двата гола на „Сантијаго Бернабеу“ поставија нов рекорд во ЛШ

borusija-dortmund

Откако пред две недели го одиграа најефикасниот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, фудбалерите на Борусија Дортмунд поставија нов рекорд во најсилниот европски Куп.

Со двата гола во Мадрид, екипата на Томас Тухел групната фаза ја заврши со 21 гол, што е постигнување кое не му успеало на ниту една друга екипа која настапувала во Лигата на шампионите од нејзиното трансформирање во 1991 година.

По 20 погодоци во групите во минатото постигнале Реал Мадрид (сезона 2013/14), Барселона (2016/17 и 2011/12) и Манчестер Јунајтед од сезоната 1998/99.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top