Македонскиот репрезентативен голман од редовите на Темишвар, Златко Даскаловски го понесе признанието за најдобар играч на 14. коло во романското првенство, а воедно се најде и во идеалниот тим.
Темишвар викендов одигра нерешено против актуелниот лидер Доброгеа Суд Констанца на Ангеловски со резултат од 19-19, а Даскаловски имаше 13 одбрани. За издвојување е и тоа што нашиот интернационалец во последните 10 минути од мечот прими само еден гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.