| четврток, 6 декември 2018 |

Валенсија остана без услугите на Гарај

garaj

Шпанскиот прволигаш Валенсија во следните три седмици ќе биде без услугите на дефанзивецот Езекиел Гарај, кој се повреди на неделниот меч против Малага (2-2) во Примера. Деталните лекарски испитувања дека Гарај има повреда на бутниот мускул, и поради тоа ќе мора да мирува најмалку десетина дена. Враќањето на терените се очекува за околу три седмици.

Валенсија оваа сезона игра далеку под очекувањата. Во моментот се наоѓа на 17.позиција на табелата со 12 освоени бода, непосредно пред опасната зона. Во следното коло „лилјаците“ ќе гостуваат кај Реал Сосиедад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top