| четврток, 6 декември 2018 |

Со еднојазичност се форсира двојазичност: СДСМ шири летоци и плакати на албански (ФОТО+ВИДЕО)

„Најново е дека со еднојазичност се форсира двојазичност“, коментира опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, во врска со летоците и плакатите што ги шири СДСМ, а се испишани само на албански ајзик или албанскиот е ставен како прв јазик.

zaev-6-640x360

Со еднојазични постери Зоран Заев ја спроведува федерализацијата на дело.

Заев ги повика на митинг дебранци само на албански јазик, а кумановци прво ги покани на албански, а потоа им се обрати и на македонски.

letok-kumanovo-albanski

Најавите на лидерот Зоран Заев за двојазичност и рекомпонирање на државата, содржани и во „Планот за животво Македонија“ СДСМ ги спроведува и на дело. Албанскиот јазик веќе е официјален за социјалдемократите.

sdsm-albanski

Во штабот на СДСМ во селото Црнилиште во Општина Долнени албанскиот јазик е официјален. Членот на Централниот одбор и Извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, обраќајќи им се на албански јазик на присутните порача дека како Албанци сега му се придружуваат на Зоран Заев, затоа што пружил рака и ја отворил партијата.

-Ова не е лична војна ниту на Заев, ниту моја ниту на никого лична. Имаме работа со еден фашистички режим и имаме задача да го отстраниме ова зло, изјави Зекири.

За Заев е погрешно да си патриот и бранител на сопствената држава и поредок, а сите тие што го дадоа животот и гордо застанаа на браникот на нашата татковина Македонија, не смеат да го добијат заслуженото, затоа што не требало да бидат патриоти, не смеело да чувствуваат љубов кон својата татковина, како што тој и неговата предавничка банда не го чувствуваат тоа.

Дека целта на Заев не е да стане премиер на обединета и унитарна Македонија, за чии граѓани ќе обезбеди подобар живот, како што вели, тука во Македонија, туку да ја распарчи и да им ја подари на соседите за да си обезбеди лична благосотојба, тој најави уште во 2013 година, набрзо откако стана лидер на СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев признава дека СДСМ водел погрешна политика, особено, како што рече тогаш во емисијата “Патот кон” на Алсат-М, чиј уредник беше поранешниот новинар, а сегашен висок функционер на СДСМ, радикалниот исламист Мухамед Зекири, обидите да се игра на патриотска карта за да се добијат политички поени.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворната партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така што обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, како Законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат нас. Луѓето очекуваат ние да бидеме сплотувачкиот фактор, рече спроведувачот на великоалбанската идеја во Македонија, Зоран Заев.

cair

Како што претходно објавивме, гласот за десноцентристичките коалиции очигледно е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата. Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, веќе и на митинзи отворенозборува за целта на неговата коалиција и според него само нестабилна влада може да обезбеди стабилна држава.

Тој веќе најави дека секое село ќе го направи посебна општина, и не крие дека е на иста линија со ставовите на Зоран Заев и на СДСМ. Деновиве тој не ја исклучи можноста нивната партија да влезе во коалиција со СДСМ. Во програмата на СДСМ секој може да види дека се предвидуваат и локална полиција, двојазичност и политипни општини.

Во ситуација кога Зоран Заев на преговарачка маса ги стави највисоките национални интереси, прашањата за двојазичност, редефинирање на државата и промената на Уставот, секој глас може да го намали капацитетот при идните преговори за формирање на новата Влада.


Зоран Заев во неколку наврати јавно кажа дека СДСМ очекува најмногу гласови од Албанците, а отворено зборува и за воведување на двојазичност во државата и напуштањето на рамките на Охридскиот договор. Во една прилика во гостување на телевизиска емисија тој самоуверено го отвори и прашањето за менување на Уставот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top