| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми за европскиот шампион, се повреди и Милош Теодосиќ

milos-teodosic

Проблемите на ЦСКА Москва значително се зголемија откако по Нандо де Коло тренерот Итудис остана без помошта на својот најдобар кошаркар, Милош Теодосиќ. Српскиот генијалец ја игра најдобрата сезона во својата кариера, но поради премореност ги обнови старите повреди и сега ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

– Тешко е да прогнозирам во моментов кога ќе може да се врати бидејќи не станува збор за конкретна повреда, туку премореност поради која се активираа старите повреди. Тој ќе мирува извесно време, по што ќе видиме каква ќе биде неговата состојба, но јасно е дека отсуството на Теодосиќ ќе биде голем проблем за нашиот тим – соопшти клупскиот лекар на ЦСКА Москва.

Српскиот портал Мондо повикувајќи се на извори блиски до кошаркарот објави дека паузата ќе изнесува најмалку три седмици, што ќе значи дека Теодосиќ ќе пропушти низа значајни дуели во Евролигата, меѓу другите и репризата на последното финале против Фенербахче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top