| четврток, 6 декември 2018 |

После заканите за ќерката на Вучиќ – „Детето на Партизан“ пее во обвинителството

vu

„Детето на Партизан“ псевдоним под кој на Фејсбук се претставува Милован Р.(28) кога се заканувал на Вучиќ и неговата ќерка, денеска ќе биде сослушан во обвинителството.

Полицијата го одзела неговиот мобилен телефон како доказ, бидејќи од него пишувал заканувачки пораки. Инаку тој е одамна познат на полицијата.

-Апсен е поради две кривични дела – користење на туѓо возило и нанесување тешки телесни повреди. Раониќ е правосилно осуден во два наврата на вкупно 4 месеци затвор. Оперативните сознанија говорат дека е поврзан и работи за нарко дилери како продавач на дрога – информира извор од истрагата.

Раониќ не сакал да каже која е вистинската причина за неговите закани.

-Тоа за мене е многу тешко. Тоа го дознал и мојот син. Тој е голем има 19 години и сака да ја брани сестра си. Ја знаете целата мака, но што да се прави, болни луѓе има секаде – рекол Вучиќ.

Премиерот на Србија додал дека не може да замисли пострашни навреди од оние кои се изнесени на сметка на неговата ќерка.

-Некој да ви навредува мртва малолетна ќерка, која притоа е жива и здрава и најдобар ученик, која зборува три јазика…Не знам каков психопат треба да бидете за тоа да го правите – рекол Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top