| четврток, 6 декември 2018 |

Реал, Баерн, ПСЖ и Сити како второпласирани ќе ја чекаат ждрепката во понеделник

Real Madrid vs RCD Espanyol

Вечерва заврши групната фаза на Лигата на шампионите и со тоа познати се сите екипи кои ќе играат во осминафиналето. Шпанија со четири претставници има најголеми шанси да стигне во финалето во Кардиф во мај следната година. Следат Англија и Германија со по три и Португалија и Италија со по два претставници.

Неочекуваниот расплет во групите придонесе голем дел од фаворитите да се најдат во „вториот шешир“, односно да не бидат носители. Еден од нив е европскиот првак Реал Мадрид, кому се чини шансите за полесен ривал му се поголеми како второпласиран тим од групата. Имено, Барселона и Атлетико како шпански претставници и победници во групата нема да можат да бидат ривали на „кралевите“ во оваа фаза, па најтежок потенцијален противник е Арсенал или Јувентус, што реално е далеку подобра опција откоолку Манчестер сити и Баерн Минхен, кои им прават друштво на „кралевите“ во шеширот на второпласираните екипи.

zdrepka

Победници во групите:

Атлетико Мадрид, Наполи, Барселона, Арсенал, Лестер Сити, Монако, Борусија Дортмунд, Јуветнус

Второпласирани во групите:

Баерн, Бенфика, Манчестер Сити, ПСЖ, Баер Леверкузен, Порто, Реал Мадрид, Севилја

Екипи кои ќе играат во Лига Европа:

Лудогорец, Легија Варшава, Бешикташ, Борусија Менхенгладбах, Ростов, Копенхаген, Лион, Тотенхем

Ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се одржи во Нион в понеделник во 12.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top