Пред нас е 11 декември, денот кога македонскиот народ ќе стави крај на две годишната криза предизвикани од СДСМ. Изборите се од историско значења, доаѓа денот кога ќе можете да кажете не на партата која го остави Куманово очајна инфраструктура, сообраќаен хаос, задушено во ѓубре и смет.
Да кажете не на партијата која во времето на транзицијата ги затворти кумановските фабрики и илјадници граѓани без работа и парче леб. Куманово долго време на својот грб ги чувствува катастрофалните последици на владеењето на СДСМ , затоа Куманово со голема разлика ќе го порази на овие избори СДСМ, рече вечерва пред кумановчани носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ Никола Тодоров во ИЕ2.
–
Ние пред вас гордо стоиме, достоинствено со реална програма и остварливи проекти. Со новата програма се обврзуваме дека ќе се рестартираат пропаднатите стопански капацитети жртви на транзицијата во Куманово. На заинтересираните инвеститори Владата ќе им понуди државана помош со цел креирање на поголем број на работни места, а с о поголем акцент на ангажман на поранешните стечајни работници. Пропаднатите стопански капацитети во Куманово се вистинското лице на СДСМ. Пропаднатите стопански капацитети во Куманово говорат за начинот на кој СДСМ владее и јасно сведочат за нивниот капацитет за водење и на економијата и на државата, рече Тодоров.
Тодоров посочи дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува огромен број на проекти во Куманово.
-Ќе извршиме комплетна реконструкција на автопатот Скопје –Куманово и реконструкција на регионалниот пат Куманово- Свети Николе , предвидуваме изградба на пруга Куманово Вељаковце, ќе изградиме водовод во населеното место Пчиња , канализација во Романовце , ќе изградиме 7 детски градинки , ќе се реконструираат училишта , со рурални развојни зони ќе бидат опфатени 48 села, набавка на мамограф и нова медицинска опрема на болницата во Куманово, веќе се гради и новиот ургентен центар во Куманово и многу други проекти. Исполнување на ветеното е одлика на ВМРО-ДПМНЕ , истакна Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


