| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Материјалите обележани со логото на ДИК се единствени едукативни материјали

dik2

Државната изборна комисија информира дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали. Појаснујваат дека оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top