Асимилацијата на Македонците од Западна Македонија се заокружува со воспоставување на паралелна „Албанска православна црква“ во Република Македонија. Со планот на Заев, Западна Македонија ќе стане еднојазична територија во која и Македонците уште од најмала возраст ќе го учат албанскиот јазик и на тој начин ќе им се намали шокот при идните физички поделби на државата, вели аналитичарот Никола Србов.
– Во Струга се покажа дека не е возможно Македонците да бидат протерани или самоволно да си заминат, тие останаа да се борат. Треба да го разгледаме најопасниот дел од планот кој сака да го спроведе Заев, а тоа е асимилацијата на Македонците во Западна Македонија. За да го заокружите целиот процес на асимилација кај еден народ, потребна ви е институција. Институција која ќе го забетонира вашиот нов идентитет, а тоа е Црквата. Историски гледано, Македонците во деветнаесеттиот век беа асимилирани преку црковните пропаганди, Цариградската Патријаршија, Бугарската Егзархија и Српската црква, во Македонија од Македонците создаваа Грци, Бугари и Срби, што значи, имаме искуство со наше обезличување преку црквата и образовниот систем кој бил во склоп на истата, вели Србов.
– Само да ве потсетам, пред неколку месеци беше издадена книга и се отвори прашањето за создавање „Албанска православна црква“ во Република Македонија. Барањето на одредени кругови за создавање на паралелна црква во нашата држава одеше дотаму што се бараше Бигорскиот Манастир да биде еден вид на седиште на оваа црква. Доколку се изврши децентрализацијата како што планираат Зоран Заев и СДСМ, тогаш се поизвесно е регистрирањето на ваква паралелна црква. Македонската православна црква – охридска архиепископија би можела да ја загуби јурисдикцијата врз цела територија западно од Вардар, со тоа може да згасне единствената институција која со векови наназад не одржуваше нас Македонците. Во ваков случај, доколку се воспостави паралелна црква во Западна Македонија, Македонците од оваа територија ќе бидат она за што и се зборуваше јавно пред неколку месеци – православни Албанци, објаснува Никола Србов.
Според него тоа би значело целосна асимилација на еден народ, по однос на идентитет, јазик, име и Црква.
– На тој начин македонското прашање ќе биде затворено со еден удар. Името на државата – променето. Идентитетот на Македонците – обезличен преку јазикот. Прашањето околу МПЦ – затворено. А дали на нашите соседи проблем им се токму овие три нешта, дали се доведува во прашање името на државата од страна на Грција, идентитетот и јазикот од страна на Бугарија и црквата од страна на Србија, завршува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.