| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска и официјално започнаа предвремените парламентарни избори

dik

Утрово и официјално почнаа предвремените парламентарни избори, а првите гласови политичките партии ќе ги добијат од 325 членови на избирачките одбори, кои заминуваат во дијаспората за да го спроведат гласањето во македонските амбасади.

Гласањето се спроведува во  просториите на Државната изборна комисија и ќе трае исто како и регуларните избори – до 19 часот.

Гласањето продолжува во сабота кога на ред е дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица. Правото на глас во странство, македонските државјаните ќе можат да го остварат во 46 амабасади и конзуларни пртеставништва.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн,  Венеција, во Детроит, Њујорк и во Мелбурн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top