Кланот Кардашијан повторно ја шокираше јавноста. Овој пат станува збор за Keјтлин, некогаш Брус кој им беше очув на сестрите Кен Кардашијан, а кој во 2015 година си го смени полот.
Некогашниот олимписки шампион во десетобој стана Кејтлин, а сега таа изјавила дека е спремна во 2017 година да стане мајка. Весникот „Radar Online“ соопшти дека 67-годишната Кејтлин е 100 проценти подготвена да стане мајка. Сега таа планира да одбере соодветен кандидат за сурогат мајка со која таа сака да живее за да може да ужива во бременоста.
– Таа се обидува да не брза, но исто така сака да стане мајка на крајот на следната година. Процесот на барање совршен кандидатка веќе започна, изјави близок до Кејтлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.