| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Позитивни проекти за самовработување на младите до 29 години

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ имаме предвидено проект за младите до 29 години за самовработување со што се обезбедуваат кредити за самовработување до 7.000 евра со грејс период до 18 месеци и период на враќање до 66 месеци со каматна стапка од 1 процент, истакна денес носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

-Овој проект е со цел младите да се самовработат, да се отворат нови работни места, а и да вработат дополнителни лица. За секое дополнително лице се обезбедуваат нови 4.000 евра под истите услови, но не повеќе од 23.000 евра. Ова е одлична мерка која може да ја искористат голем број млади до 29 години со цел отворање на нови работни места и решавање на нивниот статус, нагласи Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top