| четврток, 6 декември 2018 |

Градовите во кои денеска ќе митингуваат партиите

На три дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

„Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО­-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Куманово, а „Коалицијата за живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Шуто Оризари и Чаир.

Демократската партија на Албанците ќе има митинг во Струга. Изборниот карван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја посети општина Карпош, каде што ќе има средба со граѓани, а попладне ќе одржи митинг во општина Кисела Вода.

Коалицијата Алијанса за Албанците, според нивната изборна агенда, ќе одржи митинг во Гостивар. Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top