Новосибирските научници развија технологија која на жените ќе им овозможи по пат на мобилен телефон да дознаат кое време е најповолно за зачнување на дете – објави Руска реч.
Новата технологија го носи името Baby Cloud. Жените кои сакаат да забременат носат во телото посебен сензор кој ја мери температурата на телото, заедно со некои други параметри. Врз основа на резултатите на овие мерења, сензор кој користи Bluetooth технологија праќа информација на телефонот на жената дека овулацијата започнала, како и информација за тоа кое е најповолното време за зачнување.
Цената на овој уред, вклучувајќи ги и услугите на лекарот ќе изнесува околу 100 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.