Вчеравечер околу 22.00 часот во Тетово на ул. „180“ непознат сторител подметнал пожар во паркирано возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на И.И. (68), кој живее на наведената улица.
Пожарот бил забележан од вработен во Територијалната противпожарна единица Тетово, по што истиот го известил сопственикот на возилото и ТППЕ-Тетово, која за кратко време излегла на местото на настанот и го локализирала пожарот.
Увид е извршен од страна на екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?