| четврток, 6 декември 2018 |

Ги ограбил, па им го полил цвеќето: Крадец по кражбата оставал пораки

Крадец, кој по кражба во куќи во кинеската покраина Хубеј оставал различни пораки со извинување, фатен е додека спиел во стан.
Крадецот оставал пораки како „Го полив цвеќето, жал ми е“, „Не го обвинувајте обезбедувањето, не можеа да направат ништо“ и „Ги зедов вашите лекови, немав друг избор, жал ми е“. Во една ноќ ограбил три куќи.
Според информациите кои ги објавија кинеските медиуми, крадецот оставајќи ги пораките со споменатата содржина „покажал љубезност“.
Од куќите зел телевизор, компјутер, мобилен телефон, накит и пари. Во една ноќ имал три грабежи, а фатен е додека спиел во еден стан.
извор:sky.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top