| четврток, 6 декември 2018 |

Маскиран крадец со кабел врзал 80 годишна жена и ја малтретирал за 9.000 денари

Основното јавно обвинителство Велес издаде наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера со фантомка на главата влегол во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперил пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9.000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција.

Осомничениот е приведен, по што е извршено и препознавање од страна на оштетената. По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top