Aмериканската филмска ѕвезда Анџелина Џоли, чијшто развод со Бред Пит се претвори во пикантна медиумска сага, сега претендира на висока позиција во ОН. Гласините говорат дека станува збор за функцијата генерален секретар на ОН, пишува таблоидот ТМЗ.
Како една од главните препораки за Џоли би било тоа што таа веќе е амбасадор на добра волја при ОН за бегалци, наведува таблоидот.
Амбициите на Џоли за таквата кариера, наводно, биле и главна причина за разидувањето со нејзиниот доскорешен партнер Бред Пит.
Според изворите, Џоли за таа цел има намера да се пресели со децата во Лондон, иако засега претставниците на актерката за односи со јавноста категорично ги отфрлаат таквите наводи.
Пречка за таков чекор, пред се, е барањето на Бред Пит за заедничко старателство над децата, посебно откако ФБИ го ослободи актерот од секаква вина за насилство врз нивниот посинок Медокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)