Според денешното издание на римскиот весник „Кориере дело Спорт“ шампионот на Италија, Јувентус е подготвен да ја плати клаузулата од 30 милиони евра на фудбалерот од средниот ред на Севилја, Стивен Н’зонзи.
Во изминатите недели за овој можен трансфер пишуваа и шпанските весници, кои потенцираа дека Џузепе Марота во Французинот гледа идеален фудбалер со одлични физички предиспозиции каков што во моментов му фали на средниот ред на Јуве.
Доколку Јуве го ангажира Н’Зонзи, овој фудбалер ќе може да настапува само во Серија А, а не во Лигата на шампионите, бидејќи веќе одигра пет натпревари за клубот од Андалузија оваа есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.